МСФИ Ревизија 2012 ДОО
МСФИ Ревизија 2012 ДОО Скопје е друштво за ревизија основано на 14 септември 2021 година.
Друштвото има добиено Лиценца за работа на друштво за ревизија издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија на 15 ноември 2021 година со регистарски број на лиценца 36.
Друштвото е во сопственост на 3 физички лица.
МСФИ Ревизија е со целосна посветеност на квалитет и професионална работа и надградување. Нашата цел е да бидеме препознаени како деловен партнер од доверба и гаранција за квалитетно и успешно работење во согласност со современите начини и практики на работа и со почитување на највисоките стандарди во работењето.
МСФИ Ревизија – Скопје составува за секој проект искусна и координирана ревизорска екипа, составена од членови кои имаат искуство во работа на ревизии согласно примената на Меѓународни Стандарди за Ревизија и прописите за составување на Финансиските извештаи што се применуваат во Република Македонија.