Нашиот тим

Потребни квалификации и ресурси

Нашиот ревизорски тим има вештина и искуство потребно да се изврши ревизија на финансиските извештаи во согласност со Законот за ревизија, како и Меѓународните стандарди за ревизија, како и за извршување на други видови на ангажмани.

РЕВИЗОРСКИ ТИМ

Жарко Михајловски,
Овластен ревизор
Партнер на ревизија

Ивица Марчевски,
Овластен ревизор
Партнер на ревизија

Жарко Михајловски

Овластен ревизор, Партнер на ревизија

Г-дин Михајловски е овластен ревизор во Република Македонија и има искуство од преку 20 години во областа на ревизијата и даночниот консалтинг. Од 2012 година е Партнер на ТП МСФИ Ревизија, а од 2021 година Партнер на МСФИ Ревизија 2012 ДОО – Скопје. Има учествувано во голем број на ревизии на финансиски извштаи од областа на производствените претпријатија, претпријатија кои што се занимаваат со трговија на мало и на големо, услужни претпријатија и невладини организации.

Автор на голем број стручни текстови во Списанието МСФИ Информатор издание на МСФИ Консалтинг ДОО – Скопје

Автор на повеќе стручни текстови во Прирачникот за изготвување на годишна сметка од 2012 до 2020 година – издание на МСФИ Консалтинг ДОО – Скопје.

Предавач на повеќе стручни советувања, семинари и работилници од областа на даноците, примената на меѓународните сметководствените стандарди, новите законски прописи од областа на финансиите, платниот промет, работните односи.

Ивица Марчевски

Овластен ревизор, Партнер на ревизија

Г-дин Марчевски, има практично искуство од 8 години во ревизија, а од 2018 година е овластен ревизор во Република Македонија. Во текот на неговото работење беше инволвиран во ревизиите како член на ревизорскиот тим, теренски одговорен сениор во преку 250 ревизии на претпријатија во Република Македонија, како и одговорен ревизор во 60-ина ревизорски ангажмани.

Како дел од ревизорската работа тој извршуваше активности поврзани со планирањето на ревизијата, спроведување на ревизорскиот план, теренска работа, оценување и комплетирање на ревизијата, како и изготвување на ревизорските извештаи. Исто така има учествувано и во голем број други ангажмани за уверување и останати поврзани услуги, ангажмани за финансиско советодавни услуги и даночен консалтинг.

Автор е и на повеќе стручни текстови во Списанието   МСФИ Информатор издание на МСФИ Консалтинг ДОО – Скопје

Останатите членови од струч­на­та еки­па за секој поединечен Проект е со­чи­не­та од чле­но­ви кои има­ат огромно искус­тво од областа на финансиското сметководство, Меѓународните сметководствени стандарди – МСС и Меѓународните Стандарди за Финансиско известување – МСФИ, даноците, финансиите, трговското право, облигациите, работните односи итн.