Нашите услуги
Зошто е потребна ревизија на компанијата?
Основната цел на процесот на ревизијата е да обезбеди разумно уверување во објективноста и точноста на финансиските податоци во финансиските извештаи на екомските субјекти. Сепак, Ангажманот на ревизорска куќа, овозможува и многу поголеми бенефити за секоја компанија. Нашите ревизори користат искуство и обука за да им обезбедат на клиентите препораки за финансиското работење, внатрешната контрола и други оперативни препораки кои можат да помогнат во подобрувањето на нивниот бизнис. Нашите професионални ревизори имаат специјализирано знаење за одредени индустриски сектори, што ни овозможува да ја извршиме секоја ревизија со единствена перспектива со додадена вредност.
Законска обврска за ревизија на финансиските извештаи во Република Македонија
Согласно член 478 од ЗТД, субјектите кои се обврзани за задолжителна ревизија се должни да достават до Централниот регистар на Република Македонија ревидирани и одобрени годишни сметки и финансиски извештаи од страна на органот на управување најдоцна 30 дена од денот на нивното одобрување, но не подоцна од 30 јуни.
Обврска за задолжителна ревизија имаат следните трговци (член 478 став 1 од ЗТД):
- големи и средни трговци организирани како акционерски друштва;
- друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и
- големи и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност
- сите друштва кои имаат обврска да составуваат Консолидирана годишна сметка и Консолидирани финансиски извештаи
Среден трговец е трговецот кој во секоја од последните две пресметковни години, односно во првата година од работењето задоволил најмалку два од можните три следни критериуми, и тоа:
- просечниот број на вработените врз основа на часови на работа да е до 250 работници и
- годишниот приход да е помал од 10.000.000 ЕВРА во денарска противвредност или
- просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (во активата) да е помала од 11.000.000 ЕВРА во денарска противвредност.
Трговците кои не се распоредуваат во мали или средни трговци стекнуваат статус на големи трговци.
РЕКАПИТУЛАР НА КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА ТРГОВЦИ СОГЛАСНО ЗТД
Вид на трговец |
Критериуми за класификација на трговците |
||
Просечен број на вработени врз основа на часови на работа |
Годишен приход (во ЕВРА) |
Просечна вредност на средствата (во ЕВРА) |
|
МИКРО ТРГОВЕЦ |
До 10 работници |
до 50.000 |
– |
МАЛ ТРГОВЕЦ |
до 50 работници |
помал од 2.000.000 |
помала од 2.000.000 |
СРЕДЕН ТРГОВЕЦ |
до 250 работници |
помал од 10.000.000 |
помала од 11.000.000 |
ГОЛЕМ ТРГОВЕЦ
Напомена: Банки, друштва за осигурување и другите финансиски институции и трговците кои составуваат консолидирани годишни сметки и консолидирани финансиски извештаи се распоредуваат како големи трговци |
повеќе од 250 работници |
повеќе од 10.000.000 |
повеќе од 11.000.000 |
За распоредувањето потребно е трговецот во последните две пресметковни години, односно во првата година од работењето да задоволил најмалку два од можните три критериуми. Распоредувањето на друштвата го врши Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.
Консолидирана завршна сметка и консолидирани финансиски извештаи
Обврската за изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2020 година произлегува од Законот за трговски друштва („Службен весник на РМ“ бр. 28/04…290/20, во натамошниот текст: ЗТД), како и согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување. Согласно ЗТД, трговското друштво тре‐ ба да составува и објавува консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи доколку има превладувачко влијание во едно или повеќе друштва. Според ЗТД, се претпоставува остварување на превладувачкото влијание ако едно друштво располага непосредно или посредно со број на гласови којшто е поголем од 40% од вкупниот број на гласовите коишто можат да се дадат на собирот на содружниците, односно на собранието, а ниту еден друг содружник, односно акционер посредно или непосредно не поседува поголем број гласови од друштвото.
Според Меѓународните сметководствени стандарди ‐ МСС, односно Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување ‐ МСФИ1, обврската за изготвување на консолидирани финансиски извештаи, зависи од тоа дали едно друштво има контрола врз работењето на друго друштво. Контролата подразбира да се располага со мнозинството гласови во органите на управување во зависното друштво или повеќе од 50% од гласовите. Во тој случај зависното друштво претставува подружница на матичното друштво.
Обврска за консолидација постои и кај заедничките вложувања, каде што вложувањето е на пример 50:50 и постои заедничка контрола на две или повеќе друштва врз зависното друштво. Оваа консолидација се извршува со т.н. „пропорционална метода“.
Во консолидацијата не се вклучуваат вложувањата во придружени ентитети, каде што се остварува значајно влијание, но не и контрола (од 20% до 50% сопственост) и останатите вложувања со помалку од 20% сопственост.
Останати ангажмани за уверување и поврзани услуги
- Ангажмани на проверка (review)
- Компилација на финансиски извештаи
- Договорени постапки (Agreed upon procedures engagements)
- Верификација на трошоци за реализација на проекти финансирани со донации од ЕУ
- Испитување на перспективни финансиски информации
Останати специјализирани услуги:
- Посебни испитувања
- Извештај за трансферни цени
Финансиски советодавни услуги
- Подготовка на бизнис планови
- Анализа на финансиските извештаи
- Длабинска анализа (Financial Due diligence)
- Унапредување на финансиското работење и финансиското известување преку користење на современи техники и методи на работа
- Унапредување на интерните контроли во друштвото (зајакнување на финансиско-сметководствени контроли)
Даночен консалтинг
МСФИ РЕВИЗИЈА е компанија која обезбедува високопрофесионални консалтинг услуги во сферата на финансиско-сметководственото работење и даноците. Како резултат на тоа, ние значително инвестираме во нашите кадри, процеси, и методологија за да обезбедиме комплетни и најдобри услуги на даночен консалтинг за нашите клиенти. Нашиот тим вклучува даночни експерти за обезбедување на даночно сметководствени услуги и идентификација на даночните прашања и поврзани можности за планирање во согласност со последните промени во регулативата.
МСФИ РЕВИЗИЈА гарантира професионална дискреција и доверба, како и перманентна и ентузијастичка експертска поддршка и посветеност на решавањето на вашите деловни проблеми во најкраток можен рок. МСФИ РЕВИЗИЈА има изградено искусна и координирана консултантска екипа од докажани експерти во оваа област со одлично познавање на законската регулатива од областа на даноците.